За нас

Почитувани,

Фирмата Мр Тонер е специјализирана продавница за тонери и принтери и е основана 2006 година од страна на Емил Цветанов, започнува со работа истата година во продажниот салон на Мр Тонер 1 (11 Октомври Бр.4), низ текот на годините се отвора уште еден продажен салон и сервис во населбата Гоце Делев Мр Тонер 2 (Бранко Богдански Гуцман Бр.2), каде нашите клиенти можат да изберат широк спектрум на производи во секое време.

Нашата фирма ви нуди широк асортиман на принтери и најразлични модели на тонери и кертриџи за сите модели и брендови, како и секаков вид на канцелариски материјали. Покрај производи Мр Тонер ви нуди исто така и сервис и одржување на вашите принтери.

Она што го прави препознатлив Мр Тонер е производство и репарирање на најквалитетните тонер касети и кертриџи според најновите технолошки достигнувања и трендови. Мр Тонер постојано ја негува својата политика на квалитет и се стреми кон усовршување на производствените капацитети и персоналот, како и унапредување на работната атмосфера.

Со почит,

Од тимот на Мр Тонер